Северна Кореја: Трамп е луд

Севернокорејскиот Комитет за мирно повторно обединување на Корејскиот Полуостров го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „луд“, оценувајќи дека воздухопловните воени вежби на САД и Јужна Кореја, што започнаа денеска, „ќе ка турнат ситуацијата на Полусотровот, која е веќе акутна, на самиот раб на нуклеарна војна“.
Во реакција на соопштението од Пјонгјанг и маневрите на американското и јужнокорејското воено воздухопловствп, министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ли изјави дека е тажно тоа што по двомесечен релативен мир на Корејскиот Полуостров дошло до повторно зголемување на тензиите.
Ванг посочи дека Кина има отворен став кон решенијата за севернокорејското нукеларно прашање.
Како што јави МИА, Советникот за национална безбедност на Белата куќа Херберт Рејмонд Мекмастер претходно истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе се „погрижи“ за растечката нуклеарна закана од страна на Северна Кореја, преземајќи и еднострана акција доколку биде потребно.
- Претседателот ќе се погрижи за тоа и доколку мораме, тоа ќе ги направиме сами. Меѓутоа она што го сакаме е да ги убедиме другите дека во нивни интерес е да направат нешто повеќе, посочи Мекмастер.
Тој наведе дека Кина преземала одредени чекори без преседан во оснос на Пјонгјанг.
- Тоа што го бараме од Кина не е да ни направи услуга нам или на некој друг, туку да се однесува во согласност со нејзините интереси, нагласи советникот за национална безбедност на американскиот претседател.
Ново на Сител
-

По повеќе од една година во бегство, Перпарим Бајрами сам се предаде на полицијата
-

Во Собранието конференција на тема „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“
-

Дејвид Гета го наполни Градскиот стадион во Скопје, илјадници граѓани уживаа во неговите најголеми хитови
-

Отворено 34-то издание на фестивалот „Ристо Шишков“
-

Преглед на вестите од светот
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
