Северна Кореја соопшти дека нема нови случаи на Ковид-19
Северна Кореја соопшти дека нема нови случаи на Ковид-19, првпат откако во средината на мај призна дека избувнала епидемија, јавија државните медиуми.
Земјата претходно овој месец соопшти дека е на пат „конечно да ја стави под контрола“ првата јавно признаена криза со коронавирусот, во време кога нејзините азиски соседи повторно се соочуваат со зголемување на бројот на заразени со подваријантата на омикрон сојот на коронавирусот.
Официјалната новинска агенција КЦНА објави дека 99,99 отсто од 4,77 милиони заразени пациенти целосно оздравеле до крајот на април, но поради очигледно недоволното тестирање, Северна Кореја не објави податоци за бројот на позитивни на вирусот.
Експертите за заразни болести се сомневаат во тврдењата на Северна Кореја, а Светската здравствена организација минатиот месец соопшти дека поради недостиг на точни податоци, верува оти ситуацијата се влошува, а не се подобрува.
Ново на Сител
-
Коста Кецмановиќ донесен со полиција и Брза помош - Ќе сведочи во најбезбедната судница во Србија
-
Гинисов рекорд: Најскапото шише вода продадено со наддавање за над 52.000 евра
-
Меси за пензионирањето на Иниеста: Еден од оние со кои најмногу се забавував играјќи
-
Сане би можел да се врати во Премиер лигата
-
ПСЖ заинтересиран за Едерсон
-
Водата во општина Василево не е безбедна за пиење
-
Прашањето за правото на здрава животна средина и загадување на воздухот на Општа седница на Врховниот суд
-
Во Будимпешта ќе биде потпишан договорот за унгарскиот заем