Северна Кореја се повлече од Олимписките игри во Токио
За прв пат од 1988 година и од бојкотот на Летните игри во Сеул, Северна Кореја, земја што тврди дека нема случаи на КОВИД 19, нема да се натпреварува на Олимпијадата. Олимписките игри во Токио, одложени минатата година поради пандемијата на коронавирусот, треба да се одржат од 23 јули до 8 август.
Северна Кореја нема да учествува на Олимписките игри оваа година во Токио за да ги заштити своите спортисти среде пандемијата, соопшти денес тамошното Министерството за спорт.
– Комитетот одлучи да не учествува на 32-та Олимпијада за да ги заштити спортистите од светската здравствена криза предизвикана од коронавирусот. На состанокот се дискутираше и за начините за развој на професионални спортски технологии, освојување медали на меѓународни натпревари и промовирање на јавни спортски активности во следните пет години, објави Министерството.
Официјални лица во Сеул и Пјонгјанг на почетокот на април објавија дека ќе ја потенцираат заедничката кандидатура на Јужна и Северна Кореја за домаќин на Олимписките игри во 2032 година, а според Ројтерс, оваа постапка на Северна Кореја претставува чекор назад во тие планови.
Исто така, Јужна Кореја во Игрите во Токио гледаше можност за подобрување на односите и заживување на мировните разговори меѓу двете земји, кои технички сè уште се во војна, што, меѓу другото, ќе се манифестира во изведбата на одредени комбинирани спортови, според моделот на заеднички тим во женски хокеј на Зимските игри 2018 во Пјонгчанг.
Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
