Северна Кореја прогласи победа над коронавирусот и го обвини Сеул за избувнувањето
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун прогласи победа во борбата против коронавирусот три месеци откако соопштија за првиот случај на заболено лице.
Во извештајот на државната агенција КЦНА, се наведува дека Ким наредил укинување на вонредните мерки воведени за борба со епидемијата.
Минатата недела севернокорејските власти објавија дека сите пациенти со симптоми на таа вирусна треска закрепнале, што го означува крајот на првиот бран на пандемијата на коронавирусот што избувна кон средината на мај.
Ким беше цитиран дека кампањата против вирусот е завршена, но дека Северна Кореја мора да остане будна и ефикасно да ги следи пограничните области.
Во меѓувреме, сестрата на Ким, Ким Јо-чан, на истиот состанок рече дека и самиот севернокорејски лидер имал симптоми на треска, додавајќи дека избувнувањето е предизвикано од пропагандни летоци против Северна Кореја дистрибуирани од Јужна Кореја, предупредувајќи дека како одговор „ ќе бидат преземени смртоносни одмазднички акции“.
„Дури и тешко болен со висока температура, тој не можеше да легне ниту една минута бидејќи постојано размислуваше за луѓето за кои требаше да се грижи до крајот во војната против епидемијата“, рече таа во пофалбата до нејзиниот брат за неговите напори.
Земјата нема пријавено никаква болест или сомнителни случаи поврзани со избувнувањето речиси две недели. Не е јасно колку инфекции на Ковид-19 имало регистрирано земјата вкупно.
Меѓународно изолираната нација првпат официјално ги потврди инфекциите со коронавирус во средината на мај и дека се соочува со епидемиска вонредна состојба. Оттогаш се зборуваше за „случаи со треска“. Според сопствените бројки на земјата, од крајот на април се регистрирани скоро 4,8 милиони вакви случаи. Имаше 74 жртви, пренесе ДПА.
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“