Северна Кореја повторно испрати балони со ѓубре во Јужна Кореја
Северна Кореја денеска повторно испрати балони што носат ѓубре преку границата во Јужна Кореја, соопшти јужнокорејската војска.
Војската ги замолила граѓаните да не ги допираат балоните и да се пријават кај властите кога ќе ги видат, јави агенцијата Јонхап.
Јужнокорејскиот министер за одбрана, Шин Вон-сик, претходно денеска овие активности на Северна Кореја ги оцени како „незамисливо примитивно однесување“.
Предходно неделава Северна Кореја веќе испрати стотици балони со ѓубре кон соседот.
Севернокорејскиот министер за одбрана во неделата објави дека земјата ќе користи „силна моќ за самоодбрана“ и предупреди дека „купишта отпадна хартија и нечистотија“ ќе бидат испратени на југ како одговор на „валканите предмети“ што се испраќаат од Јужна Кореја, јавија британските медиуми. Под „валкани предмети“ тој мислеше на долгогодишната пракса на јужнокорејските активисти преку граница, кон Северот, да испраќаат балони со летоци во кои се критикуваат севернокорејските лидери или USB мемориски стикови со музика.
Ново на Сител
-
Нешто помалку од 1.600 хектари изгореле во пожарот во близина на Атина
-
Мицкоски: Почит и слава за хероите од Љуботен
-
На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија
-
Експресни победи на Синер и Швјонтек на Мастерс турнирот во Синсинати
-
Пораз од Романија за македонските кадетки на ЕП во Црна Гора
-
Странските криминалци осудени во Велика Британија веднаш ќе бидат депортирани
-
Советот за безбедност на ОН свика итна седница поради планот на Израел за окупирање на градот Газа
-
Голем пожар на југот на Албанија, евакуирани села