Северна Кореја објави дека успешно тестирала интерконтинентална балистичка ракета
Северна Кореја објави дека денеска извршила успешен тест на интерконтинентална балистичка ракета.
Според првичните оценки на Командата на американски сили во Тихиот Океан, Северна Кореја тестирала балистичка ракета со среден дострел,
Командата соопшти дека ракетата била забележана 37 минути пред да падне во Јапонско Море, при што прелетала 930 километри.
Според експертите, ракетата може да стигне до Алјаска, но другите 49 американски држави, вклучително и Хаваи се вон дострелот.
На ракетното тестирање реагираше претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе-ин.
- Длабоко сум разочаран од ракетната проба, извршена неколку денови откако со американскиот колега Доналд Трамп апелиравме за воздржаност на Северна Кореја, истакна Мун на почетокот на вонредната седница на јужнокорејскиот Совет за национална безбедност.
- Дали тој може да направи нешто подобро, напиша Трамп на Твитер алдурајќи на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека севернокорејската балистичка ракета со среден дострел „во голема мера“ надминала висина од 2.500 километри.
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе истакна дека новото ракетно тестирање на Северна Кореја е закана која се повеќе расте.
Тој додаде дека Пјонгјанг не се осврнува на предупредувањата од меѓународната заедница и ги повика Кина и Русија да играат поконструктивна улога за севернокорејското прашање.
Трамп во вториот Твит објавен часа откако Северна Кореја ја лансира новата балистичка ракета објави дека е „тешко да се верува дека Јужна Кореја и Јапонија ова уште долго ќе го трпат“.
- Можеби Кина ќе преземе сериозни чекори кон Северна Кореја и ќе заврши со овие глупости еднаш за секогаш, напиша Трамп на Твитер.
Белата куќа се уште официјално не реагираше на ракетната проба на Пјонгјанг.
Ново на Сител
-
Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 23 јануари, Кривичен ќе одлучува по барањето за амнестија
-
20-годишен возач е тешко повреден откако со возило излетал од пат
-
72-годишна жена загина откако била прегазена на раскрсницата на„Партизанска“ и „Рузвелтова“
-
Албанија ќе обучува украински војници во командата на НАТО
-
Лишен од слобода кавадарчанец, на интернет се заканувал на градоначалникот и неговата фамилија
-
До петок студено и ветровито време со локални врнежи од снег
-
Отфрлени обвиненијата против Алек Болдвин за убиство на снимањето на филмот „Рѓа“
-
По протестот во Тирана, во притвор седуммина граѓани, а кривични пријави за 21 пратеник и 19 претставници на партии