Северна Кореја изврши големи артилериски вежби
Северна Кореја изврши денеска артилерска воена вежба по повод 85-годишнината на армијата, додека во Токио претставници на САД, Јужна Кореја и Јапонија се договараа за тесна соработка за мерките против заканите од Пјонгјанг, а во Вашингтон видни членови на Владата ги повикаа сите сто сенатори за да ги запознаат со ситуацијата на Корејскиот Полуостров.
Според владин извор во Сеул, Севернокорејците извршиле артилериски истрелувања во регион на крајбрежниот град Вонсан. Во вежбите биле вклучени меѓу 300 и 400 парчиња оружје со голем дострел.
Експертите сметаат дека Пјонгјанг се откажал од плановите да изврши денеска или некој од следните денови нова нуклеарна проба или ракетен тест, за да не ги испровоцира САД и Јужна Кореја, јави Јонхап.
На 9 април Пацифичката команда на САД потврди дека носачот на авиони „Карл Винсон“, придружуван од два разурнувачи со системот „Иџис“ и еден миноносач, се насочиле кон Корејскиот Полуостров. Се очекува флотилата да навлезе во Јапонското Море следната недела.
Специјалниот претставник на САД за политика за Северна Кореја, Џозеф Јун изјави денеска во Токио дека сите мерки кон Пјонгјанг ќе бидат преземени во координација и консултација со сојузниците на САД во регионот.
По преговорите со неговите партнери од Јапонија, Кенџи Канасуги и Ким Хон-јун од Јужна Кореја американскиот претставник изјави дека трите земји се договориле за „тесна соработка“ во дипломатијата, воените активности и економијата“ во рамки на мерките против Северна Кореја.
Ново на Сител
-
Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
-
Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура
-
Скопјанец во двор пронашол рачна бомба
-
Кај 69-годишник пронајдени 15 пушки, шест пиштоли, два револвери и 363 парчиња муниција
-
Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Се претставил како полицаец и ѝ рекол дека ќерка ѝ прегазила дете, 72-годишна жена измамена за 9.700 евра
-
Работник загина на градилиште во Охрид
-
Пиштол пронајден на Јабланица на граничната линија со Албанија