Северна Кореја истрела ракета во морето по воените вежби на САД и Јужна Кореја

Јужна Кореја и САД почнаа заеднички поморски вежби со американски носач на авиони, соопшти јужнокорејската војска, еден ден откако борбените авиони полетаа како одговор на севернокорејското лансирање балистичка ракета.
Поморски вежби ќе се одржат во водите во близина на источниот брег на Јужна Кореја на 7 и 8 октомври, објави началникот на здружениот генералштаб на Јужна Кореја.
Вежбите започнаа откако Северна Кореја лансираше неколку балистички ракети во морето во четвртокот, а воени авиони подоцна полетаа во близина на границата со Јужна Кореја.
„Ќе продолжиме да ги зајакнуваме нашите оперативни способности и подготвеност да одговориме на секоја севернокорејска провокација преку заеднички вежби со ударната група носач на авиони УСС Роналд Реган“, соопшти началникот на здружениот штаб на Јужна Кореја.
Американска нападна група веќе оваа недела учествуваше во трилатерални вежби за противракетна одбрана со воени бродови од Јапонија и Јужна Кореја, поттикнати од тестот во вторникот во кој Северна Кореја лансираше балистичка ракета која прелета дел од Јапонија.
Високи одбранбени претставници од Јапонија, Јужна Кореја и Соединетите држави разговараа за најновите случувања во петокот, осудувајќи ги лансирањето на Северна Кореја и се согласија дека неодамнешните трилатерални поморски вежби ја подобрија нивната способност да одговорат на Северна Кореја, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана.
Ново на Сител
-

Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети | ВИДЕО
-

Тошковски: Од првиот ден ja презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет
-

СП 2026: Белгија го победи Нов Зеланд и се пласираше во плејофот како победник во групата
-

СП2026: Франција ја освои групата, Сенегал остана во игра за нокаут фазата
-

Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата
-

Трамп најави американски одговор по иранскиот напад врз трговски брод, американската војска потврди напади врз Иран
-

Зеленски: Украина е подготвена за преговори, но Русија мора да го направи првиот чекор кон мирот
-

Завршија општите претреси на предлог-законите од 106. седница, гласањето ќе биде дополнително закажано
