Свет
24. August 2016 - 9:11

Северна Кореја испука ракета што падна во идентификациска зона на ПВО на Јапонија

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска изјави дека ракетата испукана од севернокорејска подморница навлегла во идентификациска зона на ПВО на Јапонија.

– За првпат ракета испукана од подморница на Северна Кореја навлезе во идентификациска зона на ПВО на нашата држава, изјави Абе.

Според Генералшатбот на Јужна Кореја, ракетата навлегла 80 км во таа зона.

Јапонскиот премиер ги оквалификува акциите на Пјонгјанг како сериозна закана за безбедноста на Јапонија и на целиот регион.

Ракетата беше испукана денеска од подморница што била недалеку од источниот крајбрежен град Синпо и падна по поминати 500 км во Јапонско Море. Тоа е најголем дострел на ракета испукана од севернокорејска подморница.