Loading Video...
Свет
3. November 2022 - 12:27

Северна Кореја и утрово лансираше ракети

Продолжуваат тензиите на корејскиот полустров откако Северна Кореја и утрово лансираше балистички ракети но и една интерконтинентална балистичка ракета како одговор на заедничките воени вежби на Јужна Кореја и САД.

Јапонија, Јужна Кореја и САД сметаат дека ваквиот потег на Пјонг Јанг е најава за ново тестирање на нуклеарна ракета. Последниот проектил за долг дострел што го испука Северна Кореја летал околу 760 км и достигнал височина од 1920 км но војската на Јужна Кореја кажа дека лансирањето завршило неуспешно па поради тоа сирените за тревога се огласиле и во неколку региони на Јапонија иако владата кажа дека проектилот не преминал преку јапонскиот архипелаг туку исчезнал над Јапонското море. 

Во меѓувреме, САД и Јужна Кореја информираа дека склучиле договор според кој заедничките воздухопловни сили се согласиле да ја продолжат вежбата што почна на 31 октомври поради неодамнешните провокации на северот. Од Белата куќа истовремено ја обвинуваат Северна Кореја дека тајно ииспорачува оружје на Русија за војаната во Украина. Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Криби вели дека се уште трае истрагата за ова но ека верува дека ваквиот потег на Пјонг Јанг нема да го промени текот на војната.