Северна Кореја го повика Иран на заедничка „борба против неправдата“ на САД

Северна Кореја го повикува Иран да се здружат во „борбата против неправдата“ на САД, изјави денеска шефот на севернокорејската делегација на Собранието на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Санкт Петербург, Ан Тонг-чун.
Ан, кој е и заменик претседател на Врховното народно собрание на Северна Кореја, тоа го побарал за време на кратката средба со претседателот на иранскиот Парламент Али Лариџани.
Претходно, Лариџани во својот говор пред ИПУ жестоко ги критикуваше чекорите на САД, вклучително и тие што се поврзани со нуклеарниот договор со Иран, кој американскиот претседател Доналд Трмп одби да го потврди.
- Ви благодарам на говорот. Беше брилијантен говор. Ние имаме силна волја кога станува збор за работи кои не навредуваат и ние и Вие се бориме веќе долго време. Ајде да се бориме заедно против неправдата, за правда, посочи Ан.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
