Северна Кореја го критикува Рубио и порача дека нема да толерира „провокации“ од САД

Пјонгјанг денеска упати критики кон американскиот државен секретар Марко Рубио поради неговите изјави дека Северна Кореја претставува закана за мирот.
Севернокорејското Министерство за надворешни работи соопшти дека земјата „никогаш нема да толерира никакви провокации од САД“ и најави „убедливи контрамерки“.
Ова е прва директна критика на Пјонгјанг кон администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
– Никогаш нема да толерираме никакви провокации од САД и ќе преземеме соодветни чекори за одговор, како што тоа секогаш го правиме, изјави портпарол на Министерството, цитиран од државната агенција КЦТА.
Коментарите на Пјонгјанг доаѓаат откако Марко Рубио во неодамнешно интервју ги нарече Северна Кореја и Иран земји што го загрозуваат светскиот мир и со кои „мора да се справиме“ при носењето на меѓународни одлуки.
„Државниот секретар на САД зборуваше бесмислици кога ја опиша Северна Кореја како закана за мирот“, изјави портпаролот на КЦТА, оценувајќи ги изјавите на Рубио како „непријателски забелешки“ кои имаат за цел „да го оцрнат имиџот на суверена држава“.
И покрај повиците од Трамп, Северна Кореја минатата недела соопшти дека нејзината нуклеарна програма ќе продолжи „на неодредено време“.
Ново на Сител
-

Африканска прашина повторно ја зафаќа Грција, зголемено загадување на воздухот
-

Полицаец наплатил 500 евра од насилници за „мирно решавање“ на тепачка во Струмица
-

12-годишно девојче паднало од тротинет и тешко се повредило
-

19-годишник го претепал детето на сестра му
-

Трет танкер поврзан со Иран влезе во Персискиот Залив преку Ормуската Теснина
-

Пронајден починат 59-годишен маж во Општина Чашка
-

Три лица вдишале чад, откако бил опожарен автомобил во подземна гаража
-

Дизелот поевтинува за 2,5, а бензините за 1,5 денар по литар
