Северна Кореја ги потврди тестирањата на балистички ракети, најавува нови чекори
Северна Кореја денеска соопшти дека нејзиниот најнов тест на интерконтинентална балистичка ракета има за цел дополнително да го зајакне капацитетот на нуклеарен напад против непријателот.
Земјата веќе се закани дека ќе преземе дополнителни чекори како одговор на планираната заедничка воена вежба на САД и Јужна Кореја.
Вчерашното пробно истрелување на проектил, прво годинава, ги сигнализира намерите на севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун да ги искористи воените вежби на неговите ривали како можност за зајакнување на нуклеарната програма на земјата.
Државните медиуми на земјата јавија дека лансирањето на балистичката ракета било организирано „ненадејно“ без претходна најава и било дизајнирано да ја одреди нуклеарната подготвеност на земјата.
Во извештајот се наведува дека проектилот бил испукан под остар агол и поминал 990 километри во лет од 67 минути пред да ги погоди предвидените води меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија.
Деталите од летот на ракетата објавени од Северна Кореја, кои се совпаѓаат со претходните извештаи од нејзините соседи, покажуваат дека оружјето можело да стигне до територијата на САД.
Сепак, прашањето дали земјата има функционална нуклеарна програма останува тема на дебата, додека некои научници се сомневаат во тврдењата на Северна Кореја дека успеала да развие технологија што ќе ги заштити боевите глави од тешки атмосферски влијанија.
Минатата година, Северна Кореја лансираше повеќе од 70 проектили, велејќи дека многу од тие тестови биле одговор на претходните заеднички воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД.
Ново на Сител
-
Обвинители вршат надзор во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
-
Тошковски: Барањето за моја интерпелација е обид за манипулација
-
Инфраструктурното поврзување на туристичките локалитети руралните средини приоритет за развој на Југоисточниот регион
-
Преглед на вестите од свет
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”