Северна Кореја ги обвини САД дека ја користат нејзината нукеларна програма како алиби
Северна Кореја синоќа ги обвини САД дека ја користат нуклеарната програма на Пјонгјанг како изговор, за да го прикријат сопственото противење на забраната за нуклеарно оружје.
Советникот на севернокорејската мисија во ОН Ни Сон Чхол изјави дека САД ја натерале неговата земја да создаде и да поседува нуклеарно оружје, за да се заштити од секаква американска агресија.
Чхол истакна дека САД биле првата земја што користела нуклеарно оружје - против Јапонија во Втората светска војна, и продолжува да го употребува за да „се заканува и да бара откуп од други земји“, вклучително и од Северна Кореја.
Претставникот на Пјонгјанг ја даде оваа изјава во одговор на наводите на американската амбасадорка во ОН Ники Хејли, дека САД нема да учествуваат на конференцијата на ОН, што започна во понеделникот, на која ќе се изготви текст за Конвенцијата за забрана и елиминирање на нуклеарно оружје.
Останатите четири нукеларни сили - Русија, Кина, Велика Британија и Франција, исто така одбија да учествуваат, наведувајќи дека таква забрана нема да биде исполнета.
Ново на Сител
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“