Северна Кореја до крајот на годината би можела да конструира и до 20 атомски бомби
Благодарение на зголеменото збогатување на ураниум и на залихите од плутониум, Северна Кореја до крајот на оваа година ќе располага со материјал доволен за изработка на околу 20 атомски бомби, коментираат експерти, пренесува БТА.
Според познавачите, властите располагаат со големи количества ураниум и повеќе од едно десетлетие работат на проект за негово збогатување, до нивото за употреба во воени цели. Пјонгјанг досега изврши пет нуклеарни проби, а веројатно се подготвува и за шеста.
- Севернокорејскиот режим може годишно да произведува и до 150 килограми високо збогатен ураниум. Тоа количество е доволно за шест атомски бомби. Ако на тоа се додадат и залихите од плутониум - помеѓу 32 и 54 килограми, проценката се искачува на 20 бомби, истакнува Зигфирд Хекер, специјалист за нуклеарни програми на во Северна Кореја, во својот извештај.
Ново на Сител
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка
-
Еразмус плус тема за партиски препукувања
-
Трето издание на „Ohrid Water Festival“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни