Свет
4. November 2017 - 13:34

Северна Кореја бара запирање на „бруталните санкции“

Северна Кореја се заложи за запирање на, како што рече, „бруталните санкции“, оценувајќи дека мерките воведени после нејзината последна нуклерна проба претставуваат геноцид.

„Бруталните санкции и притисок врз Северна Кореја, кои ги спроведуваат САД, претставуваат современо кршење на човековите права и се геноцид“, се наведува во соопштението на Мисијата на Северна Кореја при ОН во Женева.

„Режимот на санкции ги загрозува и го попречува уживањето на човековите права на народот на Северна Кореја на сите подрачја“, се вели во соопштението.