-->
-->
Северна и Јужна Кореја ќе организираат во октомври средба на семејствата разделени од војната
-->
Северна Кореја и Јужна Кореја се договорија да организираат во октомври средба на семејствата разделени од војната на Корејскиот Полуостров, соопшти јужнокорејското Министерство за обединување.
Средбата е втора за пет години и ќе се одржи од 20 до 26 октомври во севернокорејското планинско одморалиште Кумган, се наведува во соопштението на Министерството. За учество во неа ќе бидат избрани околу сто лица од двете страни на демаркационата линија, претежно постари луѓе.
Милиони луѓе беа разделени на полуостровот од војната (1950-1953). Многумина од нив умреа без да можат да се видат со своите најблиски. Околу 66 000 Јужнокорејци, од кои многу на 80 и 90 години, се на листата на чекање за да учествуваат во слична средба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали