Џет-Сет
16. January 2016 - 9:32

Северина на свадбата носеше нешто од поранешниот сопруг, погледнете што

Во ноември по неколку месеци врска Северина се омажи за Игор Којиќ, но како што тврди извор за српски „Ало“, Северина и понатаму ја носи скапоцената бразлетна „Картие“ која и ја подарил поранешниот свршеник Милан Поповиќ.

-Милан ѝ купи многу посебна бразлетна „Картие“ од серијата „љубов“ која е инспирирана од љубовта и поврзаноста помеѓу партнерите. Бразлетната се заклучува со специјален клуч. Северина беше воодушевена од подарокот, а бразлетната оттогаш речиси не ја вади од раката. И сега ја носи во текот на денот и на важни настани, настапи и останати важни прилики. Многумина ги изненади што овој накит го носеше и на свадбата – рекол извор за „Ало“.

severina2

severina111

Како што пишува „Ало“, цената на споменатата бразлетна „Картие“ изнесува дури 6.000 евра.