Северен Кипар: Уапсен екстремистички антиимигрантски екипаж на брод
Капетанот на бродот „Си стар“, изнајмен од страна на екстремно десничарското антиимигрантско „Движење за идентитет“, е уапсен во Северен Кипар, заедно со својот деветчлен екипаж, пренесе ДПА.
Уапсените се обвинети за фалсификување документи, а против нив има и други обвиненија.
Десетина десничарски активисти, кои пловеле со бродот со намера да патролираат крај либискиот брег, извршувале мисија, што самите ја нарекле „Да ја одбраниме Европа“. Нејзината цел е бегалците да се пресретнат и вратат во нивните татковини, а најголем дел од нив бегаат од граѓанската војна во оваа северноафриканска земја.
Од Либија, имено, отпловуваат повеќето луѓе, кои тргнуваат на пат со небезбедни пловни објекти. Од почетокот на годината, над 112.000 лица пристигнаа до Европа по морски пат.
„Да ја одбраниме Европа“ за своја цел ги зема не само таквите мигранти, туку и хуманитарните организации кои спасуваат бегалци од бродски несреќи, и потоа ги водат до Европа.
Мисијата веќе почна да дејствува во Средоземно Море. Нивниот 40-метарски изнајмен брод „Си Стар“, што може да превезе меѓу 100 и 200 лица, мина преку Суецкиот канал и се упати кон Сицилија и нејзиниот пристанишен град Катанија. Од вчера тој беше во кипарското пристаниште Фамагуста.
Ново на Сител
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани