Сеул се закани дека може да го разори Пјонгјанг

Официјален Сеул се закани денеска дека може „целосно да го разори„ севернокорејскиот главен град Пјонгјанг, доколку има навестување оти претстои нуклеарeн напад врз Јужна Кореја, јавуваат јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на неидентификувани воени извори.
Според овие извори, секој дел од Пјонгјанг би можел да биде разурнат до темел од балистичките ракети и вискоко-експлозивните ракети на јужнокорејската армија.
Во петокот, Северна Кореја соопшти дека ја извршила својата пета по ред нуклеарна проба.
Меѓународната заедница остро ја осуди пробата и севернокорејското непочитување на забраната на ОН. Советот за безбедност на ОН, како и Јужна Кореја и Јапонија воведоа дополнителни санкции кон режимот во Пјонгјанг, а САД соопштија дека размислуваат за воведување на свои санкции .
Севернокорејските власти реагираа со исмевање на реакцијата на меѓународната заедница, нарекувајќи ги новите санкции „смешни„ и без ефект за Пјонгјанг. Во Сеул, заканите од јужнокорејскиот воен врв кон Северна Кореја се споредуваат со реториката што ја применува севернокорејската пропаганда.
Тие доаѓаат пред парламентарната дебата во Јужна Кореја околу најновата провокација од Северна Кореја и претставуваат потврда за зголемените тензии на Корејскиот Полуостров.
Нуклеарната проба од петокот, изнесувала 10 килотони и таа е досега најсилната што е изведена во Северна Кореја. Атомската бомба што САД ја фрлија врз Хирошима на самиот крај од Втората светска војна, изнесуваше 15 килотони.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
