Сеул не сака американско нуклеарно оружје на своја територија
Јужна Кореја се противи на распоредување на американско нуклеарно оружје на своја територија, како одговор на провокациите на Пјонгјанг, изјави денеска јужнокорејската министерка за надворешни работи Канг Кјунг-ва.
- Во моментов тоа прашање не се разгледува на ниво на Владата. Нашата политика е целосно насочена кон денуклеаризација, изјави Канг.
Таа нагласи дека во Јужна Кореја постојат разлини ставови во врска со ова прашање, но дека Владата води сметка за ставот на јавноста кој не е наклонета кон нуклеарно вооруживање на земјата.
Канг додаде дека распоредувањето на американско нукеларно оружје во земјата има „многу чувствителни аспект“, па затоа Владата нема да носи избрзани одлуки доколку биде приморана да разговара околу ова прашање.
Шефицата на јужнокорејската дипломатија порача дека Северна Кореја поради своите нуклеарни и ракетни тестови „ќе плати“ со нестабилност и економски потешкотии.
- Северна Кореја крена по немирниот пат. Цената што ќе ја плати поради постојаните провокации и игнорирањето на волјата на мирољубивата меѓународна заедница ќе биде нестабилност и економски проблеми, порача Канг.
Ново на Сител
-
Баерн го израмни рекордот на Барселона за непобедлива серија на домашен терен во ЛШ
-
Повеќе од 3.000 фалсификувани гитари Gibson запленети во Калифорнија
-
Во Берово утрово најстудено, Крушево најтопло
-
Скопје 4-ти на неславната листа на најзагадени градови во светот
-
Европратениците ќе гласаат за одобрување на новата Европска комисија
-
Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина
-
Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години
-
Германската компанија „Костел“ започнува трета фаза од инвестицискиот циклус