Сестрата на Ким Џонг ун во историска посета на Јужна Кореја
Сестрата на севрнокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе допатува во историска посета на Јужна Кореја, по повод за Зимските олимписки игри што ќе се одржат во Пјонгчанг, соопштија денеска власти во Сеул. Тоа е првпат член на династијата Ким да престојува во Јужна Кореја.
Ким Јо-Џонг, која е постар член на владејачката Работничка партија ќе биде дел од делегација на високо ниво која ќе пристигне в петок. Таа во октомври минатата година беше именувана за член на Политбирото, највисокото извршно државно тело, што ја направи една од највлијателните личности во Северна Кореја.
Таа е најмладата ќерка на починатиот севернокорејски лидер Ким Џонг-ил. Севернокорејската делегација ќе ја предводи претседателот на Президиумот на Собранието Ким Џонг-нам. Во делегацијата ќе биде и севернокорејскиот министер за спорт Ким Ил-гук, 229 мажоретки, четворица функционери од Националниот олимписки комитет, 26 демонстратори на теквондо и 21 новинар.
Само 10 спортисти ќе се натпреваруваат за Северот на ЗОИ, заедно со уште 12 кои се дел од заедничкиот корејски женски хокеарски тим.
Претставниците на двете Кореи ќе маршираат под едно знаме на церемонијата на отворање на ЗОИ.
Ново на Сител
-
Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српката Влада
-
Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово
-
Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај село Рибарци
-
Седлоски нов тренер на Вардар
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба, денеска протест поради трагедијата
-
Вучиќ предлага референдум: Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот
-
Харис ќе го поддржи Западен Балкан во интеграциите, Трамп вети засилена безбедност во регионот