-->
-->
Сервер: Договорот меѓу Македонија и Грција е голем исчекор за целиот Балкан
-->
Политичкиот аналитичар Даниел Сервер смета дека договорот што Македонија го потпиша со Грција не е само голем исчекор напред за двете земји туку и за целиот Балкан, јави дописникот на МИА од Вашинтон.Во изјава за МИА Сервер укажа дека ако договорот помине и во двата парламента и на референдумот во Македонија „тоа ќе ја подобри стабилноста и ќе го направи регионот попривлечен за странски инвеститори“.
- Останаа уште две битни прашања поврзани со војната и мирот на Балканот, тоа е нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина и напорите да се создаде функционална држава во Босна. Вие сте многу поблиску до крајот на процесот за воспоставување мир во регионот отколку што се на неговиот почеток, истакна Сервер.
Даниел Сервер е професор на уноверзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон. Тој е поранешен американски претставник во Босна во улога на медијатор помеѓу Хрватите и Босанците во преговорите за Дејтонскиот мировен договор. Во моментот ја предводи програмата за менаџирање конфликти на универзитетот и во последниве години беше доста критичен спрема ЕУ и повикуваше забрзување на процесот на евроинтеграција на земјите како Македонија, Босна и Косово
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
