Серискиот убиец повторно напаѓа- граѓаните во паника, распишана награда за било каква информација
Страв се вовлече во американскиот град Финикс, откако серискиот убиец повторно нападнал во обид да го зголеми своето црно конто на кое веќе запишал девет жртви. Напаѓачот кого полицијата го нарекла „Уличен убиец“ е одговорен за мистериозните истрели на улиците во главниот град на Аризона, во кои се убиени седум, а ранети двајца луѓе.
Властите потврдиле дека и последниот случај е дело на ист човек. Тогаш, на 11 јули, напаѓачот почнал да пука на возило паркирано во станбениот дел од градот, во кое се наоѓале 21-годишно момче и 4-годишно дете. За среќа, тие не се повредени.
Полицијата пронашла докази кои го поврзуваат тоа пукање со претходните осум, потврдил поручникот Џонатан Хауард.
Властите во Финикс распишале награда од 50.000 долари за било каква информација за убиецот, на тој начин надминувајќи ја претходната од 20 илјади која ја распишал ФБИ.
Минатиот месец полицијата објавила скица од личноста за која верува дека стои зад нападите. Станува збор за личност со латиноамериканско потекло, маж висок околу 175 см, кој е виден во бел олдтајмер од брендот „Кадилак“.
„Уличниот убиец“ го започнал својот пир на 17 март, кога ранил 16-годишно момче кое шетало на улица во вечерните часови. Еден ден подоцна ранил уште едно момче (21), а во април убил две и во јуни уште пет лица.
Ново на Сител
-
СДСМ: Новогодишната кошничка е измама, граѓаните секој ден се посиромашни
-
Мицкоски: Нема никакви основи Артан Груби да добие политички азил
-
Мисајловски најавува нови вработувања и модернизација на армијата следната година
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај