Сериски силувач уапсен кај белградското училиште „Владислав Рибникар“
Српскиот сериски силувач, Игор Милошевиќ кој годинава беше ослободен, денеска е уапсен на Врачар во Белград, во близина на ОУ „Владислав Рибникар“ каде во мај годинава 13-годишниот ученик Коста Кецмановиќ изврши масовно убиство. Милошевиќ е уапсен поради сомнение дека сторил кривично дело неовластено држење наркотични дроги.
Блиц објави фотографии од неговото апсење, на кои се гледа како Милошевиќ со детски ранец на грб го внесува полицијата во автомобил. На Милошевиќ му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, по што ќе биде сослушан пред обвинителот.
Игор Милошевиќ беше пуштен од затвор на 20 септември минатата година по издржувањето на затворската казна, а десет дена подоцна беше уапсен под сомнение дека сторил дело загрозување на безбедноста.
Но, поради недостиг на докази тој беше ослободен од обвинението и од април годинава повторно беше на слобода. Милошевиќ помина 15 години во затвор поради серија силувања.
Станува збор за човек кој повеќе пати го повторувал кривичното дело силување. Тој беше апсен неколку пати и е многу опасен човек. Наводно почнал да злоставува на 14 години.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за февруари 63 773 денари, зголемена за 521 денар во однос на јануари
-
Нови 2.726 случаи на заболени од грип изминатата недела, намалување за 5,3 проценти во однос на претходната недела
-
Вреди: М-НАВ - фамилијарна пирамида на ДУИ каде со правилно презиме се добива дебела плата
-
Утре и во сабота стабилно со многу ниски утрински температури, од недела наоблачување
-
Чешка: Малолетник уби две жени во напад со нож
-
„Визер“ од 9 март повеќе нема да лета од Скопје до Будимпешта
-
СДСМ: Мерките се задоцните и без суштина
-
Мицкоски во САД