-->
-->
Серија земјотреси во Скопје, вечерва втор посилен
-->

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,
вечерва, регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје.
Овој земјотрес се случи во 18 часот и 04 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.1. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската
макросеизмичка скала.
Претходно во скопското епицентрално подрачје денеска во 16 часот и 28 минути беше почуствуван земјотрес по Рихтерова локална магнитуда 1.9.
Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Остра реторика и обвинувања меѓу партиите пред стартот на изборната трка
-
Преглед на вестите од светот
-
Подметнат пожар во сервис за возила во Пинтија
-
Мицкоски: МВР засилено работи на откривање на подметнувачите на пожарите
-
Тошкоски: За една недела се палат сите отпади и депонии околу Скопје
-
СДСМ: На Мицкоски не може да му се верува
-
Безбедноста на посетителите приоритет за претстојната „Штипска пастрмалијада“
-
Не запира рибокрадството