Балкан
1. јуни 2019 - 9:02

Серија земјотреси ја погодија Албанија

Граѓаните во јужниот дел на соседна Албанија утрово ги разбуди серија земјотреси.

Првиот е регистриран во 6 часот и 27 минути, со јачина од 4.9 степени според Европската макросеизмичка скала, на 18 километри јужно од Корча, на самата граница меѓу Албанија и Грција. Потресот бил на длабочина од 4 километри.

Вториот следувал неколку минути подоцна и бил со интезнитет од 5 степени. Земјотресите биле почувствувани и во македонските градови: Охрид, Струга и Ресен.