-->
-->
Серија А: Рома втора, Јуве уште малку ќе почека за титулата
-->
Со победата постигната синоќа од 3:1 фудбалерите на Рома ја одложија шампионската промоција на Јувентус. Првакот на Италија Јувентус и покрај поразот ја задржа предноста во однос на второпласираната Рома, која сега изнесува четири бодови и потребно е во едно од последните две кола да оствари барем една победа.
На дуелот одигран на „Олимпико“ Јувентус поведе во 21.минута преку Марио Лемина. Рома изедначи со голот на Даниеле Де Роси четири минути подоцна. Во 56.минута водство за Рома донесе Стефан Ел Шарави, додека конечните 3:1 ги постави Раџа Наинголан во 65.минута.
Резултати на другите дуели од 36.коло: Интер – Сасуоло 1:2, Болоња – Пескара 3:1, Каљари – Емполи 3:2, Кротоне – Удинезе 1:0, Палермо – Џенова 1:0, Сампдорија – Киево 1:1, Торино – Наполи 0:5, Аталанта – Милан 1:1, Фиорентина – Лацио 3:2.
Табела: Јувентус 85 бодови, Рома 81, Наполи 80, Лацио 70, Аталанта 66, Милан 60, Фиорентина 59, Интер 56,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот