-->
-->
Серија на Јотовски за четвртфинале
-->
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски со серија од 10:1 во гемови успеа да стигне победата во денешниот меч од 2.коло на фјучрсот во Тунис. Јотовски го победи Шпанецот Самуел Рибеиро Наварете со 2:0 во сетови (6:4 и 6:1).
Успехот на Јотовски е важен бидејќи лошо го отвори мечот и противникот имаше водство од 4:1 во гемови, а Јотовски сетот го заврши со серија од пет гема.
На стартот од вториот сет Јотовски поведе со 1:0, Наратете изедначи на 1:1 и повторно следуваше серија на Јотовски од пет гема за пласман во четвртфиналето.
Јотовски имаше 6 аса, со 5 брејка и во односот на поени беше 70:50 за нашиот тенисер.
Во четвртфиналето Јотовски (5.носител) ќе игра против третиот носител Иван Неделко од Русија, кој денеска со 6:3 и 6:2 го победи Милер од Франција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ: Алкараз и Синер се предобри
-
Сигурни победи за Италија и Франција на стартот од квалификациите за СП 2026
-
Аеродромот во Тирана постави нов рекорд, за шест месеци, над 7,8 милиони патници
-
Пожар избувна во поранешната телевизиска зграда на Би-Би-Си, го гаснат околу 100 пожарникари
-
Српскиот премиер повикува на дијалог и мир по синоќешните немири во Нови Сад
-
САД водат разговори со Хамас и ја повикаа групата да ги ослободи заложниците
-
Израелска армија: Цивилите да се евакуираат од градот Газа кон југ
-
Сончево и топло со температури до 36 степени