Фудбал
23. October 2016 - 9:51

Серија А: Милан подобар од Јувентус

Екипата на Милан оствари победа од 1:0 на синоќа одиграниот натпревар од 9.коло против првакот Јувентус. Стрелец на единствениот гол беше Мануел Локатели во 65.минута. Ова за Милан беше четврта победа на последните пет натпревари без пораз. На вториот натпревар одигран вчера во локалното дерби Сампдорија ја победи Џенова со 2:1.
 
Другите натпревари од оваа рунда се играат денеска, а двојките се:
Удинезе – Пескара,
Атланта – Интер,
Каљари – Фиорентина,
Кротоне – Наполи,
Емполи – Киево,
Торино – Лацио,
Болоња – Сасуоло и
Рома – Палермо. 
Табела: Јувентус 21 бод, Милан 19, Рома 16, Торино 14, Наполи 14, Лацио 14,...