Фудбал
5. December 2015 - 10:50

Серија А: Јуве го победи и Лацио

Фудбалерите на Јувентус ја продолжија победичката низа во Серија А, откако во воведниот натпревар од 15.коло славеа во Рим, над Лацио со 2:0.
 
Актуелниот италијански шампион, стигна до 27 бод во првенството, а во исто време, само ја продлабочи кризата на Лацио, кој остана на десеттото место на табелата со 19 бодови.
 
Јувентус стигна во водство уште во седмата минута, по ударот на Дибала топката на патот кон голот го погоди Џентилети и заврши во голот. Дибала конечниот резултат го постави во 32.минута, кога со волј удар го погоди десниот долен агол од голот на Лацио.