Серија апсења низ Скопје поради поседување оружје
Вчера во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Црешево, при извршен преглед кај А.Д.(19) од Скопје, пронашле нож на расклопување. Тинејџерот е приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје.
Истиот ден во 14.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк, при извршен преглед кај Ф.Б.(23) и И.Н.(25), двајцата од Скопје, пронашле два ножа на расклопување. И овие лица се приведени, поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје.
Сличен случај имаше и претходниот ден во Градскиот парк, кога полицијата при претрес на 32-годишен скопјанец исто така пронајде нож.
И ова лице е приведно поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружјето.
По документирање на сите случаи, против приведените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка
-
Еразмус плус тема за партиски препукувања
-
Трето издание на „Ohrid Water Festival“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование