-->
-->
Сергеј за своите посвоени ќерки: Тие знаат дека мама и тато ги родија од срце
-->
Сергеј Четковиќ, црногорскиот пејач кој во моментот е актуелен како новиот член на жирито во „Ѕвездичките на Пинк“, е татко на две девојчиња, кои ги посвои заедно со својата сопруга Кристина.
– Јас се чувствувам како нивен биолошки родител. Лола има седум, а Мила скоро пет години. Ми пречи кога ми велат дека се посвоени, бидејќи јас не ги доживувам на тој начин. Она што секогаш им го зборуваме и што тие две многу добро го знаат е дека мама и тато ги родија од срце. Така е од првиот ден – раскажа пејачот во една српска емисија.
Четковиќ вели дека и тој и неговата сопруга имале многу препреки за да посвојат, но решиле заедно да ги пребродат, бидејќи навистина сакале да станат родители.
– Има многу бариери, ментални бариери – што ќе кажат комшиите, што ќе речат моите најблиски. Јас живеам во Белград веќе 12 години, но во Црна Гора се уште се строги по тоа прашање, макар што и таму се менуваат работите на подобро – рече Четковиќ.
Пејачот е среќен за својата одлука, затоа што ќерките не само што му го разубавиле животот, туку и, како што вели, личат на него.
– Секогаш велам дека родители не се оние што ќе го родат детето, туку оние што ќе се грижат и ќе го пазат, а децата стануваат огледало на своите родители, биле тие биолошки или не – вели тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад
-
Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја
-
Тројца загинати, десетици повредени во вчерашната железничка несреќа во југозападна Германија
-
Предупредување до сопствениците на „Андроид“ за апликациите што преземаат чувствителни податоци
-
Фон дер Лајен: Со САД постигнавме договор што обезбедува стабилност и предвидливост за двете страни на Атлантикот