Свет
11. July 2016 - 9:26

Сергеј Наришкин: Наближува нова студена војна

Наближува нова студена војна, предупреди претседателот на руската Дума, Сергеј Наришкин во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи ги Европејците „да бидат поразумни и да изберат лидери кои ќе ги заштитат правата на своите народи, а не геополитичките интереси на САД“.

Наришкин, кој се смета за близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, во интервјуто зборува и за обидите базиликата „Аја Софија“ во Истанбул да биде претворена во џамија, нагласувајќи дека „политичарот, кој би се осмелил да направи такво нешто, не би имал политичка перспектива“.

Тој се осврнува и на руското ембарго воведено на грчките стоки, а коментирајќи го Брегзит тврди дека „нешто лошо и катастрофално се раѓа во структурите на ЕУ“.