-->
-->
Серена Вилијамс го освои Вимблдон, нејзин трет трофеј на Гренд слем турнирите сезонава
-->
Американката Серена Вилијамс е победничка на годинашното издание на неофицијалното Светско тениско првенство, односно Вимблдон.
Најдобрата светска тенисерка во моментов, во финалето одиграно попладнево со 2:0 во сетови ја победи 2:0 Гарбине Мугуруза од Шпанија, Во првиот сет Мугуруза беше релативно рамноправна па Серена го доби истиот со 6-4.
Во вториот сет Серена имаше убедлива предност од 5:1 и веќе во седмиот гем севрираше за освојување на мечот. Сепак шпансата тенисека не се предаде така лесно, па со два брејка и освое гем на свој сервис успеја да намали на 6:3. Но, тоа само за кратко го пролонгира шампионското славје на Американката, која сетот го доби со 6-4, за конечен триумф.
За Серена ова е шести триумф во Вимблдон, инаку трет сезонава на Гренд слем турнирите, откако претходно победи во Мелбурн и Париз.
Американката досега има вкупно 21 трофеј од Гренд слем турнирите во поединечка конкуренција: Вимблдон 6 (2002, 2003, 2009, 2010, 2012 и 2015), Австралија опен 6 (2003, 2005, 2007, 2009, 2010, 2015), Френч опен 3 (2002, 2013, 2015) и УС опен 6 (1999, 2002, 2008, 2012, 2013, 2014).
Утре, од 15 часот, на програмата е машкото финале во кое ќе играат двајцата најдобро рангирани тенисери Србинот, Новак Ѓоковиќ и Роже Федерер од Швајцарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Можни прекини на катастарските услуги поради интервенции во мрежната инфраструктура
-
Изменет сообраќаен режим во Скопје кај кањонот Матка - Треска во наредните четири дена
-
Тројца загинати, 568 спасени од запален ферибот во Индонезија
-
Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко
-
Нов круг нуклеарни преговори меѓу Иран и европската тројка во петок во Истанбул
-
Претседателката Сиљановска Давкова го отвори ЕМОФ: Спортот е симбол на единство, култура и надеж
-
Еден загинат и двајца повредени во руски напад врз Киев
-
Сончево и многу топло со температури до 40 степени