Септичка јама вознемири сопственици на викендички крај Тиквешко Езеро
Септичка јама вознемири сопственици на викендички крај Тиквешко Езеро. Информацијата за МИА ја потврди Сашко Данов, претседател на еколошкото друштво „Тисовец”, од блиското кавадаречко село Возарци.
- Револтираните сметаат дека еден од соседите ја изградил јамата многу ниско и близу до езерото. Стравуваат дека кога ќе се наполни езерото кое е вештачка акумулација и ја потопи јамата, ќе има загадување од фекалии. Наоколу има многу викендички и тука се капат многу луѓе. Најмногу се стравува за децата, рече Данов.
Јованче Колев, инспектор за животна средина и комунални работи при општина Кавадарци, нагласи дека ќе се изврши увид на лице место, за да се согледа вистинската состојба на терен и да се направи записник. Доколку е потребно, вели, ќе се преземат и соодветни законски мерки.
На брегот на Тиквешко Езеро, втора по големина акумулација во државата, има околу три илјади викендички.
Ново на Сител
-
Бил Гејтс вложува 912 милиони долари во борба против СИДА, туберкулоза и маларија
-
Албанската министерка за внатрешни работи го разреши својот заменик поради пушење во ресторан
-
Сончево до среда, од четврток промена на времето
-
Хрватска ќе уништи речиси 12.000 свињи поради африканска чума
-
Скопјанец ја нападнал својата мајка во семејниот дом барајќи и пари
-
Орбан: Ако Украина влезе во ЕУ, и војната ќе дојде со неа
-
Еди Рама сè уште не добил честитки од косовските лидери за четвртиот премиерски мандат
-
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје