Септичка јама вознемири сопственици на викендички крај Тиквешко Езеро

Септичка јама вознемири сопственици на викендички крај Тиквешко Езеро. Информацијата за МИА ја потврди Сашко Данов, претседател на еколошкото друштво „Тисовец”, од блиското кавадаречко село Возарци.
- Револтираните сметаат дека еден од соседите ја изградил јамата многу ниско и близу до езерото. Стравуваат дека кога ќе се наполни езерото кое е вештачка акумулација и ја потопи јамата, ќе има загадување од фекалии. Наоколу има многу викендички и тука се капат многу луѓе. Најмногу се стравува за децата, рече Данов.
Јованче Колев, инспектор за животна средина и комунални работи при општина Кавадарци, нагласи дека ќе се изврши увид на лице место, за да се согледа вистинската состојба на терен и да се направи записник. Доколку е потребно, вели, ќе се преземат и соодветни законски мерки.
На брегот на Тиквешко Езеро, втора по големина акумулација во државата, има околу три илјади викендички.
Ново на Сител
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
-

Пехчево: Го затекнала сопругот со 68-годишна жена и ја нападнала, а подоцна тој физички ја нападнал неа
-

Браќа меѓусебно се пријавиле во полиција по физичка пресметка во демиркаписко
