Септември почна со високи температури, можна суша во наредните месеци
Топол бран и повисоки температури на воздухот во земјава го карактеризираа почетокот на овој месец, достигнувајќи до 37 степени.
– Според досега измерените вредности на првата декада од септември, 2019 година се категоризира како многу топла декада, освен мерното место Скопје, кое се карактеризира како топло, информираат од УХМР.
Според мерењата, максималната температура во Гевгелија изнесувала 37,1 степени, Демир Капија 35,5 степени, Струмица 35,2, Штип и Скопје со 34 степени, Битола 32,7 степени, Прилеп 32,2 степени, Крива Паланка 31,6 степен, Берово 30,2, Охрид 29,5, Лазарополе 26,6 степени и Маврово 26,5 степени.
Од УХМР посочуваат дека на повеќето метеоролошки станици не се надминати многугодишните апсолутни температури, но се надминуваат многугодишните просечни вредности.
Според податоците, апсолутната температура измерена во септември во периодот од 1951 до 2018 година изнесува 39,7 степени во Демир Капија и Гевгелија со 39,2 степени.
Топло време со високи температури во септември е регистрирано и во 2011, 2012 и во 2015 година.
Од Управата посочуваат дека во изминатите месеци недостигаат врнежи и дека голема е веројатноста за појава на суша во наредниот период.
Ново на Сител
-
Да не се јадат овошјето и зеленчукот од Трубарево, анализи на почвата да се прават и догодина, велат познавачите
-
Средба на Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа
-
Тема на денот со Андон Чибишев, токсиколог
-
Директори, началници и шумочувари организирано го пустошеле Малешевието
-
13 приведени по инцидентот пред прилепската болница
-
Мицкоски очекува посуштински разговори со Софија дури по нова година
-
Минчев: Крај за партиските вработувања во Администрација, ќе се намалува за 40%
-
Ќе успеат ли политичарите да го спречат насилството врз жените?