Сепак имало бунт против Анчелоти
Карло Анчелоти од вчера повеќе не е тренер на најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен. Баварскиот великан од почетокот на сезоната игра под очекувањата, во петокот на домашен терен испушти предност од 2:0 против Волфсбург, а в среда доживеа тежок пораз од 3:0 од ПСЖ во Лигата на шампионите.
Ден по отказот германските медиуми, повикувајќи се на легендарниот Ули Хенес, објавија дека петмина играчи кои имаат статус на големи ѕвезди заговарале смена на Италијанецот.
Исто така, спортската јавност во Минхен и Германија е согласна дека по повлекувањето на Филип Лам, кој беше вистински лидер, започна да се распаѓа системот.
Инаку, бунтот против Анчелоти го предводел Роберт Левандовски, кој бил незадоволен од стилот на играта што го форсира сега веќе поранешниот тренер. Исто така, Полјакот бил незадоволен што не му било дозволено да направи трансфер во Реал. Левандовски не се согласувал и со трансфер-политиката, односно сметал дека клубот требало да донесе вистински ѕвезди, скапи играчи, а не фудбалери од типот на Хамес Родригез и Толисио.
Томас Милер го загуби местото во стартната постава и минатата сезона е најлоша во неговата кариера. И тој сакаше да замине од Минхен, но Анчелоти не му дозволи.
Франк Рибери и Матс Хумелс, поради лошата форма, се преселени на клупата, што беше сигнал и тие да му се приклучат на бунтот.
Аријан Робен од солидарност застанал на страна на соиграчите одбивајќи да го поддржи тренерот.
Играчите наводно сметале дека многу повеќе и подобро се работело кај Пеп Гвардиола, а и дисциплината била на повисоко ниво. Гвардиола бил директен и секој играч точно знаел што се бара од него, а Анчелоти се потпирал на јавното мислење.
Интересно, од наведените петмина, само Милер беше во стартната постава на натпреварот со ПСЖ во Париз, а другите беа на клупата за резерви.
Ново на Сител
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец