Сензорна соба за деца со посебни потреби во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода
Во основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода пуштена е во употреба целосно опремена сензорна соба за дечиња со посебни образовни потреби.
- Ротари клуб Скопје - Св. Кирил и Методиј во соработка со Ротари клуб Скопје - Вест и АРС Ламина целосно реновираше просторија, опреми училница - сензорна соба наменета за децата со развојни нарушувања и аутизам вклучени во редовната настава во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“, соопшти денеска општина Кисела Вода.
Во просторијата поставена е нова електрична инсталација, лед светла кои позитивно ќе влијаат врз сетилата на децата со посебни потреби, а во делот околу осветлувањето поставен е и гипс картон. Оваа училница доби и нови прозорци на кои залепена е украсна фолија. Покрај ова, донирани се меки подлоги за под и лепенки кои ги красат ѕидовите со јунаците од популарните цртани филмови.
Претходно во училиштето претставници од Лајонс клаб интернешнл доставија донација од дидактички материјал, разни реквизити и играчки, кои ќе бидат од корист за учениците со пречки во развојот и аутизам..
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори