Сенатот усвои Резолуција за ограничување на воените овластувања на претседателот на САД

Американскиот Сенат синоќа одобри резолуција за воените овластувања на претседателот на САД, со која практично би бил ставен крај на војната со Иран освен ако претседателот Доналд Трамп не добие одобрение од Конгресот на САД.
Резолуцијата беше усвоена со 50 гласа „за“ и 47 „против“, при што четворица републиканци гласаа заедно со демократите во поддршка на мерката.
Резултатот претставува победа за законодавците кои сметаат дека Конгресот, а не претседателот, треба да има овластување да испраќа американски трупи во војна, како што е предвидено во американскиот Устав.
Сепак, резолуцијата допрва треба да помине низ дополнителни законодавни процедури, вклучително и гласање во Претставничкиот дом каде мнозинство имат републиканците, а тука е и инструментот – претседателско вето.
Сенаторот Тим Кејн, кој е предлагач на резолуцијата, изјави дека актуелниот прекин на огнот остава можност Трамп да ги образложи своите аргументи пред Конгресот.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
