Сенатот не ја изгласа предложената помош за Украина и Израел
Републиканците во Сенатот ја блокираа помошта за Израел и Украина за време на гласањето синоќа, во протест на, како што тие сметаат, разлабавената безбедносна политика на границите на САД.
Се гласаше по чисто партиска линија, со 49 против 51. За носење закон потребни се 60 гласови.
При крајот на гласањето лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, го промени својот глас во процедурален „против“ со што ќе му се дозволи да ја поднесе мерката повторно на гласање.
Републиканците инсистираат помошта за Украина и Израел да зависи од значајно менување на политиката околу контролата на јужната граница на САД.
Се дознава дека се бара некаков консензус, но засега нема изгледи за двопартиски договор.
Ќорсокакот доаѓа во заднина на војната на Израел против Хамас и војната на Украина против агресијата на Русија.
Белата куќа претходно објави очајно предупредување дека парите за Украина се при крај и ако не се осигура договор за нова помош тоа би било критичен ризик по националната безбедност на САД.
Мич Меконел, лидер на малцинството во Сенатот рече дека нема да се крои закон сѐ додека „на сериозен начин не се реши главниот национален безбедносен приоритет на Америка“ и побара законот да вклучи промени во политиката за да се осигурала посилна безбедност на границите.
Шумер ги критикуваше републиканците дека помошта ја користат како „заложник“.
Во пакетот одобрен од Белата куќа предвидени се 61 милијардa долари помош за Украина, 14 милијарди долари воена помош за Израел, осум милијарди за Тајван и тихоокеанскиот регион, а 14 милијарди долари се за засилена контрола на јужната граница.
Потоа, околу 10 милијарди долари се предвидена хуманитарна помош за Газа и Западниот брег, како и помош за миграцијата и бегалците на американско-мексиканската граница.
Ново на Сител
-
Вложување во дигитализација
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик
-
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј изложени за проштално збогум
-
Преглед на вестите од светот
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче