Сенатори во САД бараат санкции поради политичките затвореници во Русија

Група американски сенатори меѓу кои републиканецот Марко Рубио и демократот Бен Кардин, испрати писмо до државниот секретар Мајк Помпео и министерот за финансии Стивен Мнучин, со повик да воведат ограничувачки мерки против Русија поради најновите репресии врз руската опозиција.
Сенаторите повикуваат примена на Законот Магнитски и воведување санкции против руски чиновници одговорни за кршење на човековите права во земјата. Законодавците ја цитираат руската невладина организација „Меморијал“ според која во Русија во 2015 година биле затворени повеќе од 200 лица поради своите политички погледи. При што бројката е конзервативна, оттогаш до денес бројот на политички репресираните граѓани е зголемен, велат сенаторите.
- Помеѓу политичките затвореници во Русија се мирни демонстранти, граѓански активисти, борци за човекови права, новинари, кримски Татари, членови на „непожелни“ политички организации, или религиозни групи, наведуваат сенаторите во писмото испратено синоќа.
Се споменуваат такви затвореници како Алексеј Пичугин кој е веќе 16 години во затвор по случајот со нафтената компанија „Јукос“, или Константин Котов, кој поради учество на мирни протести неодамна беше осуден на четиригодишна казна затвор.
– Сите репресирани имаат различни позадина и потекло, но ги обединува фактот дека се неправедно лишени од слобода од авторитарниот режим на Владимир Путин, се вели во писмото.
Сенаторите наведуваат дека многу руски чиновници се во списокот на санкции воведни врз основа на Законот Магнитски, но дека има многу лица кои се уште не се засегнати, како на пример државниот обвинител Јуриј Чајка, министерот за правда Александар Коновалев и Генадиј Корниенко, раководител на руската Федерална служба за казнено-поправни дела.
Ново на Сител
-

Без победник на тестот на македонската репрезентација против Летонија
-

Проектот BRT ќе се имплементира кон средина на следната година
-

Ѓорѓиевски ги обзнани имињата на директорите на јавните претпријатија
-

Сијарто: Европските пари не треба да се користат за финансирање на корумпираната украинска воена мафија
-

Започна проектот за спас на велешко езеро „Младост“
-

Француската полиција ја ослободи жената приведена за грабежот во Лувр
-

Предлог-измените на Законот за ДДВ го поминаа првото читање пред матичната собраниска Комисија
-

Министерство за економија и труд: Повисоки плати и повеќе работни места преку новите мерки за инвестиции
