-->
-->
Семејството на Принс организира концерт во чест на славниот музичар
-->
На стадионот во Минеаполис ќе се одржи концерт во чест на славниот музичар Принс. Продажбата на билетите ќе започне следниот месец, а првите имиња на изведувачите ќе бидат познати наскоро, пишува списанието „НМЕ“.
- Возбудени сме што ќе ги собереме сите на семејната прослава на музиката на Принс и неговото наследство, а нема подобро место за тоа од неговиот роден град Минеаполис, изјавиле членови на семејството на славниот музичар.
Принс почина на 57-годишна возраст во својот стан Пејсли Парк во Минеаполис на 21 април од предозирање со лекови.
Во меѓувреме, семејството на Принс најави дека Пејсли Парк ќе биде претворен во музеј.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз