Семејството на Александар реагира: Собираат пари на нашата несреќа - финансиска помош не ни е потребна
Семејството на несреќно починатиот фитнес тренер и модел Александар Грујовски, по објавениот напис за барање помош за транспорт на неговото тело од Малта во Македонија вели дека станува збор за лажен повик и дека тие не побарале никаква финансиска помош. Велат дека случајот е веќе пријавен во полиција.
„Не бараме никаква помош. На нашата несреќа некој собира пари. Пријавено е до надлежните органи и сите ќе бидат гонети“ – велат од семејството.
Апелот деновиве брзо се ширеше на социјалните мрежи, па затоа апелираме доколу имате некоја информација да пријавите во некоја од полициските станици во Скопје.
Инаку според извештаите на полицијата, Александар паднал од височина, односно се лизнал од карпа кај заливот, додека се шетал со својата девојка.
„Полицијата и медицински тим беа повикани на местото на настанот, по што беше констатирана смрт. Телото беше на карпите, по што беше пренесено со хеликоптер. Полицијата работи на расчистување на настанот“, пренесоа странските медиуми.
Ново на Сител
-
Мисајловски во официјална посета на Словенија
-
3.142 казнети возачи викендов, 1.498 за брзо возење, 247 возеле без возачка, 111 под дејство на алкохол
-
Пронајдени угинати берберски овци во Зоолошка
-
Тешко повреден 18-годишен мотоциклист
-
Одземени 672 парчиња брендирана роба во дојранско
-
Путин ги испраќа Лавров и Ушаков на разговори со САД во Ријад
-
Умбер ја одбрани титулата во Марсеј
-
Тотенхем победи во дербито и ги продлабочи проблемите на Манчестер Јунајтед