Македонија
30. December 2020 - 19:28

Семејството Апостолови ја загубија ќерката пред 5 години и оттогаш помагаат преку хумани дела

Семејството Апостолови пред 5 години ја загуби својата ќерка Кираца Апостолова која ја изгуби битката со канцерот. Во нејзин спомен, на 30.12.2020 година, на Универзитетска клиника за детски болести, Клиниката за радиотерапија и онкологија, на одделението за неврологија при ГОБ 8-ми Септември и ординацијата на Др. Ана, семејството Апостолови во соработка со ,, Животна искра “ – Антиканцер здружение и НЛБ Банка, се донираа 17 УВ ламби и 16 прочистувачи на воздух, во вкупна вредност од над 300.000 денари. Вкупната бројка од 33 парчиња симболично ги претставува 33 години кои Кираца ќе ги прославеше оваа година.

Кај народот постои една поговорка дека човекот живее додека се чува споменот на личноста, додека живее во срцата на пријателите, а со оваа донација како и многубројните хуманитерни акции, Кираца ќе се споменува секогаш кога ќе се помогне на другите на кои помошта им е најпотребна.

Нејзините најблиски велат “АКО ЉУБОВ НЕМАМ – НИШТО НЕ СУМ”, во спомен на Кираца Апостолова.

Подарете хуманост – подарете надеж за живот.