-->
-->
Семејство почина по конзумирање на компир
-->

Компирот може да биде вкусна намирница која може да се користи за безброј вкусни рецепти. За жал, во некои случаи може да биде смртоносен.
Ако имате компир во својот дом кој стои подолго време најдобро е да го фрлите. Во продолжение дознајте ја морничавата причина за тоа.
Осум годишната Марија Челсајева од Русија останала сирак во 2014 година поради стар компир кој нејзиното семејство го оставило да гние во подрум. Кога нејзиниот татко пошол во подрумот да земе неколку компири, никогаш не се вратил.
Потоа мајката на Марија пошла да го побара во подрумот, но ниту таа не се вратила. Истото се случило и со братот на Марија, а на крајот и со нејзината баба. Бабата на Марија пред да појде во подрум ги повикала соседите на помош, но кога пристигнал еден од соседите било веќе доцна затоа што бабичката веќе пошла во подрумот и ја доживеала страшната судбина како и остатокот од семејството на осумгодишното девојче.
Важно е да се запомни дека компирот содржи glycoalkaloids, хемиско соединение кое исто така се наоѓа во отровните растенија. Тоа го прави компирот отровен во вистински околности, не само кога се јаде туку и од само вдишување на неговите хемикалии.
Концентрацијата на glycoalkaloids се зголемува како што компирот зрее, правејќи тој да емитира опасни, отровни гасови. Излагање на овој смртоносен спој го убило семејството на Марија.
Марија исто така за малку ќе умрела кога пошла да го бара семејството. За среќа, гасот малку се разредил, затоа што мајка и оставила отворена вратата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот