Семејство од Тетово смисли стихови посветени на превенцијата од ширењето на коронавирусот
Брачниот пар Васко и Марија заедно со синот Никола смислија стихови посветени на превенцијата од ширењето на коронавирусот. Придржувајќи се до препораките да се седи дома, членовите на семејството Стојановски со креативен пристап решиле да го поминат дел од времето поминато во домот.
– Како и сите остануваме дома согласно препораките за да се спречи ширењето на коронавирусот. Мене ми е хоби свирењето на гитара, свирам за релаксација во друштво. Така настанаа стиховите и изведбата на гитара. Заедно со синот Никола кој треба да полни шест години и сопругата Марија ја изведуваме песничката во која зборуваме за седењето дома и превенција од корона. Го постиравме на фејсбук, но не очекувавме дека ќе добие толку голем публицитет, раскажува 36-годишниот Васко.
Видеото кое го споделила Марија на фејсбук добива илјадници допаѓања (лајкови).
Стиховите се:
Седите свите дома, дур не пројде вирус корона Тој не бира кого ќе пипне Сакајте се уживајте се и спијте
Седи дома, ооо ти седи дома, Ти седи дома, ооо ти седи дома,
Ти седи дома, да не фатиш корона, Тој е опасен нас, и само ова ние спас
Ти седи дома.
Ново на Сител
-
Повеќе од 150 делегации се регистрираа за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
-
Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам
-
УХМР: До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст
-
МВР: Пријава за угостител кој точел алкохол на малолетно лице во Македонска Каменица
-
Во Штип почна Фестивалот „Shtip Street Food Festival“
-
Најмалку 20 загинати во невреме во САД
-
Тетовец изгубил станови во Тетово и Охрид откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани
-
Одземена биста од гробиштата во Бутел