Семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кран Монтана поднесоа кривична пријава

Семејствата на луѓето кои загинаа или беа повредени во пожарот што за време на новогодишната ноќ избувна во барот „Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана поднесоа кривична пријава до швајцарското обвинителство, изјави адвокатот што ја застапува групата жртви.
„Семејствата поднесоа барања и се приклучија на постапката како обвинители. Овие барања беа прифатени (од обвинителството)“, потврди адвокатот Ромен Жордан, пренесоа британските медиуми.
Тој не прецизираше против кого е поднесена тужбата, наведувајќи само дека е насочена „против сите одговорни, без исклучок“.
Кривичната истрага за пожарот во Кран Монтана досега ги вклучува само сопствениците на барот, кои се осомничени за кривични дела, вклучително и убиство од небрежност.
Остануваат прашања во врска со причината за пожарот и користените безбедносни процедури.
Обвинителството на кантонот Вале не одговори на барањето за коментар.
МИА
Ново на Сител
-

Поскапе храната во светот, објави ФАО
-

Три нови услуги за високо образование воведени на порталот Е-услуги
-

Ректорите на државните универзитети потпишаа Меморандум со агенцијата ИНОВА: Поддршка за истражувања и студентски стартапи
-

СДСМ бара Уставен да ги укине измените на Законот за внатрешни, ВМРО-ДПМНЕ: СДС не треба да зборува за безбедноста
-

Во живо од вселената: Астронаути првпат по повеќе од 50 години ја напуштија орбитата на Земјата, се упатија кон Месечината
-

Преглед на вестите од светот
-

Kaрдиолошкиот центар со нова метода за третман на периферна артериска болест
-

Андоновски: Се подготвуваме за електронски попис
