Македонија
8. October 2020 - 15:28

Семејните прослави се ризик а не отворањето на границите, кажа Филипче

На денешната прес-конференција Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека семејните прослави се голем ризик за ширење на коронавирус а не отворањето на границите.

-На почетокот на кризата најголем ризик беше увоз на вирусот, но сега тоа е локалната трансмисија. До 3 проценти е бројот на луѓе кои патувале и кај нив  е сигурно дали се заразиле надвор – рече министерот.